Упатство за Веб Нарачки

Упатство за брзо и безбедно Онлајн нарачување

Онлајн нарачувањето може да се врши 24часа секој ден во неделата од удобноста на Вашиот дом, преку вашиот персонален компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон, без никакви провизии и дополнителни банкарски трошоци!

При нарачувањето можете да одберете да се регистрирате на нашата интернет страна или пак да нарачате без регистрирација, сепак и во двата случаи потребно е да внесете точни податоци како име, валидна e-mail, телефон за контакт, како и адреса за испорака на нарачката!

ВАЖНО: сите податоци што ги внесувате автоматски се заштитуваат со најсовремена енкрипција и само Вие ќе имате пристап до нив !!!

1: Одбери и додади производи во Кошничка
Со клик на копчето „купи“ производите ќе бидат додадени во вашата кошничка. Истите подоцна доколку сакате можете да ги избришете од кошничката или да ја промените нивната количина.

upatstvo-str1

2: Преглед на производи во кошничката
Доколку сакате да остраните некој производ или сакате да ја промените количината што сакате да ја купите, тоа можете да го направите со преглед на вашата кошничка, потоа кликнете на копчето "кон плаќање".


3: Потврда на нарачката

Доколку претходно сте регистрирани како корисник тогаш продолжете со клик на копчето "најави се".

Ако сте нов корисник и сакате да се регистрирате за да можете да имате увид во сите ваши нарачки и брзо да нарачувате и во иднина потребно е да отворите нова сметка и по успешната регистрација на вашата е-mail адреса добивате потврда за вашата регистрација. *Доколку не сакате да се регистрирате едноставно одберете ја опцијата "плаќање без регистрација" и продолжете со вашата нарачка.
Доколку имате потреба да промените некои од вашите податоци тоа можете да го направите со кликнување во горниот десен агол на полето "Најави Се"

Системот ве води чекор по чекор со потврда на податоците, на нарачката и кон конечна потврда.
Во Чекор 4 одберете го начинот на испорака на нарачката кој најмногу Ви одговара.
Во Чекор 5 одберете го начинот на плаќање.
 - Доколку одберете Банкарски трансфер на Вашата e-mail адреса ќе ви биде испратен документ со инструкции за плаќање во банка.
 - Доколку одберете Плаќање при достава нема потреба од дополнителни податоци.


upatstvo-str3

Кликнете "Потврди ја нарачката" за да ја финализирате вашата нарачка!

На вашиот e-mail добивате копија од нарачката а истата добива налог за резервација и подготовка.