Испорака и Рекламација

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА И РЕКЛАМАЦИЈА
Правила на испорака

 

Правилата на испорака на www.premium.com.mk ги објаснуваат условите и начинот на испорака на купените производи.
 

www.premium.com.mk ви ги овозможува следните начини за испорака на нарачките:
лично подигнување на нарачката во нашата продавница
испорака до врата со доставна курирска служба.
  (Доставата се врши во рок од 2 до 7дена во зависност од локацијата и се доставува до прва надворешна врата (влез од зграда или станбен/деловен објект). Во доставата не се вклучени монтажа на производот, демонстрација на функционалностите, обука за употреба или останати активности. Цената за испораката се доплаќа во зависност од ценовникот на курирската служба)
 

Производите се испорачуваат со гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура за извршеното плаќање и се секогаш безбедно спакувани!.

Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот! Доколку производот е оштетен за време на испораката треба да се реагира веднаш кај службата што ја врши испораката. www.premium.com.mk целосно се оградува и не сноси никаква одговорност за евентуалните доцнења, недостатоци или ошетувања предизвикани од транспортот на нарачките.


Политика за враќање

Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 15 дена, заедно со приложени оригинална фактура или оригинална фискална сметка и испратница. 

Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на e-mail адреса: sales(at)premium.com.mk. Производот што купувачот го рекламира или сака да го врати го испраќа безбедно спакуван во оригиналната амбалажа на сопствен трошок до нашата адреса (транспортни трошоци не покриваме).

Замената или повраток на уплата може да биде направена само доколку се исполнети следните услови:

1. Производот да не е отпакуван ниту употребуван и заедно со амбалажата да е во иста состојба како што е купен
2. Амбалажата не смее да биде оштетена на било кој начин и истата мора да ги има фабричките пломби и етикети.
3. Клиентот да ги приложи оригиналните фискална сметка или фактура и целокупната друга пропратна документација која му била издаденa заедно со производот

Повраток на целосната уплата за производот можете да ја остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена оригинална фактура или оригинална фискална сметка и испратница во период од 15 дена од приемот на производот. Парите ќе Ви бидат вратени на истиот начин кој сте го користеле при плаќање на производот.

• Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
• Доколку сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.
Во ваков случај постапката се започнува веднаш, но процедурата до комплетен повраток на уплатата во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката.
Важно: Повратот на средствата преку банка најчесто се евидентира на вашата сметка со датум на кој била направена трансакцијата, т.е. кога производот бил купен, а не на датумот кога е вратен производот или кога сте ги добиле средствата назад.

По истекот на рокот од 15 дена од денот на купување на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.

Потрошувачот има право да го замени производот со друг производ што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор. Потрошувачот правото за замена може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со друг се врши само ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или фактурата за производот или фактура кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Важно: За производи кои се продаваат без амбалажа и фабрички пломби, производот претходно се праќа на овластен сервис кој ќе потврди дека производот е автентичен, не е употребуван и не е оштетен .

Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа од било која причина) или е оштетен, но не од наша страна, тогаш производот нема да примен и ќе му биде вратен назад на корисникот на негов трошок.

www.premium.com.mk има резервирано право да ја менува Политика за враќање на производи и парични средства. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.premium.com.mk. Нашата политика за Враќање на производ и парични средства, е достапна на нашата веб страницата. Овие правила стапуваат на сила од Јануари 2022 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.premium.com.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

За евентуални технички ненамерни грешки, неправилен опис на производите кои би можеле да се појават на веб страницата однапред се извинуваме и не превземаме никаква одговорност.